Со што работиме

Задачите на оваа здружение се ЕВИДЕНЦИЈА и откривање на лицата со телесен инвалидитет и нивно вклучување во здружението.Од областа на здравствената заштита има за цел,да помага при набавката на лекови,протези,ортопедски и други помагала.

Се залага и за остварување и унапредување на правата на лицата со телесен инвалидитет во образованието (да се создадат услови за вклучување на телесноинвалидизираните лица во редовниот наставно образовен процес),остварување на правата на пазарот на трудот, и во сите сфери на социјалната заштита,како и отстранувањето на архитектонските бариери за непречен пристап до јавните објекти,непречен пристап во сообракајот и други објекти.Здружението ги следи законските регулативи за нивно правилно и соодветно применување како и организирање на тематски средби,трибини,семинари,советувања.

Здружението има соработка со локалните медиуми,гласилото на Сојузот на Телесно Инвалидизирани Лица на Македонија,ФЕНИКС 86.

 

 

ЗЛТИ-Мобилност Струмица,досега има успешно реализирано неколку проекти кои се финансирани од буџетот на Општина Струмица,а тоа се следниве проекти:

  • Спортско рекреативно катче за лицата со телесен инвалидитет,набавени се пинг понг маса со придружните реквизити,шаховски табли,домино,пикадо,нелути се човече кои служат за тренинг и рекреација на членовите на Мобилност Струмица
  • И ние сме дел од современото општество е проект реализиран со помош на приватното училиште Јахја Кемал.Во просториите на училиштето се одржуваа часови по информатика за членовите на Мобилнноист Струмица,со што на крај од обуката членовите кои редовно поетуваа настава добија сертификати за совладаните техники т.е за стекнатите знаења.
  • Мобилност за лицата со телесен инвалидитет,е проект кој овозможи набавка на соодветно превозно средство со кое лицата со телесен инвалидитет ке можат да бидат мобилни во секое време на потребните манифестации,натпревари и рекреативни прошетки.