За нас

 

Здружението на лица со телесен инвалидитет е основано во 1989 година од страна на тогашните штитеници во Заводот за рехабилитација Бања Банско.Подоцна оваа здружение почна да дејствува на целата територија на Општина Струмица,Ново Село,Босилово и Василево.

Тоа е доброволна,општествена хуманитарна организација на телесно инвалидизираните лица која ги опфака следните дијагнози:Церебрална Паразиза,Параплегија,Мултиплекс Склероза,Ампутација,Детска парализа и Дистрофија.Во проценти изразено членството,изгледа вака:Церебрална Парализа 35%,Параплегија 19%,Останати 15%,Мултиплекс Склероза 12,5%,Ампутација 9,5%,Детска Парализа 7%,Дистрофија 2%,или вкупно 365 членови од сите националности .

Здружението има свои органи и тела,кои ја извршуваат својата работа:Претседател,Собрание,Извршен Одбор,Одбор за Контрола.Здружението располага со работна просторија која е соодветно опремена за лицата со телесен инвалидитет.

 

Членовите на здружението се активни на повеке полиња,меѓу кои и спортот.

Учествуват на спортки наптпревари организирани специјално за лицата со телесен инвалидитет.Секоја година се одржува првенство во шах,стрелаштво,фрлање копје,фрлање ѓуле,пинг понг,спортски риболов.Освен на овие спортски натпревари,членовите земат учество и на квиз натпревар,кој секоја година го организира НСТИЛМ.А како традиција на ЗЛТИ Мобилност Струмица е манифестацијата ТОРТИЈАДА,која секоја година се одржува во х.Цар Самоил-Банско.

Се организират ликовни колонии,на која нашите членови исто така се присутни и активно учествуваат во Републикава и надвор од неа.