Нови столчиња за „Мобилност“ проект поддржан од општина Струмица

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ почна со реализацијата на проектот финансиски поддржан од општина Струмица. Според Мери Туџарова, секретар на задружението, во рамките на проектот се набавени нови столчиња во канцеларијата со што се подобрени условите за работа на членовите на ова здружение.
-Како прва планирана и воедно реализирана активност на нашето здружение во рамките на овој проект е набавката на столчињата со што се заменети постоечките и веќе дотраени столчиња. Како втора наша активност ќе биде набавката на спортски реквизити кои ќе бидат наменети за организирање на тренинзи на нашите сегашни и идни спортисти со што ќе им се овозможи поквалитетен настап на спортските игри на кои што настапуваат нашите членови на републичко и меѓународно ниво, а во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“, изјави Туџарова.
Овој проект е во програмата за социјална заштита и е поддржан со 45 илјади денари од буџетот на општина Струмица.

1514594_704368622949904_7433816163828224448_n 10352333_704368582949908_564242823982087227_n 10626642_704368589616574_8997289937580321246_n 10647154_704368586283241_8046831561638566917_n 10670282_704368612949905_8445872850667733835_n 10690139_704368616283238_474058270097516113_n