Оваа година од 8 до 9 Ноември во хотел Цар Самоил Бања Банско се одржа 19-тиот Републички КВИЗ Натпревар во организација на Мобилност Македонија. На овој квиз натпревар учество зедоа членовите – градови на Мобилност Македонија.
Првиот ден , 8 Ноември се одржа полу финалето, каде екипата на Мобилност Струмица, составена од членовите Љубица Боевска, Љубе Лазаревски и Дивна Танева, освои доста добри резултати со што се пласираше во финалето и се натпреваруваше со останатите екипи. Во текот на финалето, неизвесноста беше голема и конкуренцијата беше јака, но Струмичани ги надминаа сите препреки и предизвици, па ја извојуваа победата и освоија ПРВО место на овој 19-ти квиз натпревар, дедека екипата на Мобилност Охрид го освои ВТОРОТО место, а екипата на Мобилност Радовиш го освои ТРЕТОТО место. Учесниците добија медаљи за освоените места, како поединечно за секој учесник, така и за организацијата од која доагат учесниците. По завршувањето на натпреварувачкиот дел од квизот,учесниците продолжија со дружбата и веселбата , која е и главната цел на овој настан.
Горди сме на постигнатиот успех што оваа екипа го постигна, горди сме што Ве имаме како начи членови и што не претставивте во најдобро светло и се се надеваме дека и во наредните години ќе можеме да се пофалиме со уште некоја освоена медаља.