Оваа година Мобилност Струмица по 16-ти пат беше домакин на традиционалната манифестација Тортијада,која се одржа на 09.11.2013 год сабота во хотел Цар Самоил Бања Банско.
Годинава манифестацијата беше поинаква од претходните и се разликуваше по тоа што беа доделени награди за трите најдобри торти кои беа оценувани ,како нивната изработка,така и нивниот изглед од страна на три члена жири комисија составена од учеснички на ВЕШТА ЖЕНА.Вредните раце на вештите жени од здруженијата на лица со телесен инвалидитет од републикава и гостите од Србија,ги покажаа на дело своите квалитети и вештини.Екипите составени од два члена од секој град,вредно работеа неколку часа така што,малата сала во хотел Цар Самоил наликуваше на полна кошница со пчели кои неуморно и вредно твореа,создавајки прекрасни и вкусни торти секоја со своја порака и приказна.Прво наградена беше тортата на Мобилност Струмица,насловена како АЈВЕРИЈАДА-која го отсликуваше традиционалното подготвување на нашата најпосакувана зимница,ајварот,а воедно ја претставуваше и неодамна одржаната манифестација на плоштадот Гоце Делчев во Струмица,АЈВЕРИЈАДА.Второ наградена торта беше тортата на Мобилност Охрид кои годинава прв пат зедоа учество на оваа манифестација и се закитија со втора награда.Нивната торта го претставуваше нашиот бисер,Охридското езеро.Според пропозициите и критериумите на жири комисијата,третото место го заслужи тортата на Мобилност Кичево,која беше насловена како ВОДАРКА-девојка што оди по вода од бунарот.
Останатите здруженија се претставија со следните торти, Мобилност Куманово-куфер со желби, Мобилност Тетово-Овчарче, Мобилност Радовиш-снежна кралица, Мобилност Велес-пијанист, Мобилност Кочани-детелинка, Мобилност Битола-Есен, Нови Кнежевац-Р.Спбија-Мистерија, Мобилност Гевгелија – Фламинго, Мобилност Штип- Школка, Мобилност Кавадарци-зелено око, Мобилност Скопје-овошна градина на љубовта.
После презентирањето на тортите и прогласувањето на наградените торти,присутните гости мегу кои беше и градоначалникот на Општина Струмица,г-дин Зоран Заев со сопругата и неговите соработници,имаа можност да ги вкусат подготвените торти и да уживаат во забавниот дел од манифестацијата.Во знак на мало внимание,организаторите,покрај првите три награди,имаа обезбедено и скромни поклони за останатите учесници на Тортијадата. Забавата продолжи до касно во ноќта,атмосферата беше ведра и весела….тие што беа присутни знаат,а за останатите што не присуствуваа нека повелат следната година па….нека се уверат,ем во добрите и вкусни торти,ем во добрата забава…..Се гледаме догодина пак,како поискусни домакини,со повеќе торти и со уште подобра забава!!!