Tрадиционалната манифестација ,,Тортијада “ што се одржува во хотелот ,,Цар Самуил” во Банско оваа година ќе се одржи по 16-ти пат утре (сабота) со почеток во 20 часот. Лицата со телесен инвалидитет од цела Македонија ќе можат да уживат во пријателското дружење, како и правење торти.
Во текот на денот, пред официјалниот почеток на прославата, вредните раце на жените од македонските Здруженија ке прават торти кои ќе се оценуваат во текот на вечерта.
За сите заинтересирани гости ќе има организиран бесплатен автобуски превоз кој тргнува во 19:30 од пред малата црква Св. Димитрија (стара автобуска станица) во Струмица. Влезот е слободен.
Манифестацијата ,,Тортијада 2013“ организирана е од страна на Здружението на лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност” – Струмица, а под покровителство на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет “Мобилност Македонија“ и градоначалникот на Струмица, Зоран Заев