Донација за Мобилност Струмица од Германска Амбасада- Скопје

Мобилност Струмица, во соработка со тим од  Општина Струмица изготви проект кој беше поддржан од Германската Амбасада во Скопје. Германската Амбасада за членовите на Мобилност Струмица обезбеди грејно тело- електричен камин кој ке се користи во канцеларијата и склоплива рампа, наменета за возилото на Мобилност Струмица како и за полесно премостување на одредени помали архитектонски бариери. 11125981_10153216290664137_2146890096_nНа примопредавањето на оваа донација од страна на претседателката Лилјана Матеничарска и госпоѓа Марина Серафимова- претставник од Германска Амбасада, беа присутни и претставници на Општина Струмица, како и повеке членови на Мобилност Струмица. Во знак на благодарност за хуманиот гест на Амбасадата на Р.Германија, претседателката Лилјана Матеничарска, на госпоѓа Марина Серафимовска  и врачи уметниичка слика, насликана од нашата позната сликарка Роза Мојсовска да ги краси просториите во Амбасадата.

11139711_10153216290669137_1799382123_n (1)

Оваа донација, која беше неопходна за нашите членови, значително ке ја олесни мобилноста во иднина, за што сме многу благодарни како на тимот од Германска Амбасада, така и на тимот од Општина Струмица. На заминување од канцеларијата се поздравивме со надеж наскоро да се видиме пак и да реализираме уште многу проекти кои ке придонесат во подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со телесен инвалидитет.

10253351_10153216291429137_1180710299_n 11136955_10153216290674137_1740171966_n

11117758_842239589183631_1682676154_n 11121748_842239615850295_491082806_n 11124620_842239605850296_2089901282_n 11129445_842239612516962_846285663_n