17-та ТОРТИЈАДА 2014

ЗЛТИ Мобилност Струмица оваа година по 17-ти пат успешно ја организира својата традиционална манифестација ТОРТИЈАДА. Оваа наша манифестација ја чуваме и негуваме за најбитното, т.е. за нашето заедничко дружење и за љубовта која се излива низ тоа дружење. Човекот е роден слободен, ние не сакаме да се сокриеме, туку да бидеме едни покрај други. Така и оваа манифестација има за цел да придонесе во подобрување на културно забавниот живот на лицата со телесен инвалидитет.

10754787_751775358230055_849287040_n

Оваа година учествуваа единаесет здруженија од Македонија и навистина ги покажаа своите слаткарски вештини и изработија прекрасни торти. Домакините –Мобилност Струмица изработија козметичка торта, Мобилност Радовиш-Стадион, Мобилност Куманово-Цветна Торта, Мобилност Тетово-Подготовка на тетовско гравче на стар начин, Мобилност Кочани-замокот на Снежана и седумте џуџиња, Мобилност Велес- Песочна торта, Мобилност Штип- Витаминска кошничка, Мобилност Битола – И ние сме дел од вас, Мобилност Гевгелија- Смоквијада, Мобилност Кавадарци- Часовник, Мобилност Кичево- Црква Свети Ѓоргија и Мобилност Скопје-Љубов и мир.  Изработените торти ги оценуваше тричлена жири комисија составена од Вешти жени.Оваа година тортата на Мобилност Битола- И ние сме дел од вас  го освои првото место, а како второнаградена беше тортата на Мобилност Кочани-Снежана и седумте џуџиња, а третото место оваа година го делат тортите на Мобилност Кичево- Црквата Свети Ѓоргија и на Мобилност Тетово- Подготовка на тетовско гравче на стар начин.

10805505_751775378230053_1722705543_n Останатите учесници беа наградени со скромни подароци од нашиот спонзор ФАРМАСИ КОЗМЕТИКС Штип. Овогодинешната Тортијада беше збогатена со уште една торта која не зеде учество во натпреварувачкиот дел бидејки беше како подарок од нашиот спонзор МЕДИКУСХЕЛП Скопје, истата таа торта беше подарена на медицинскиот персонал од Советот на Општина Струмица. По прогласувањето на победниците на овогодинешната Тортијада, тортите беа послужени на присутните гости, меѓу кои како и секоја година, па така и оваа, беше присутен и градоначалникот на Општина Струмица г-дин Зоран Заев со сопругата и дел од советниците при Советот на Општина Струмица. Така продолжи забавата до касно во нокта насладувајки се со вкусните торти и прекрасната музика на групата ЗВЕЗДИ кои ја збогатија и ја развеселија атмосферата.

За крај, нека свршетокот на овој текст биде  молба до сите членови кои не се појавуваат во локалните здруженија, или се појавуваат кога има само нешто што обичниот човек го нарекува “честовка”. А појавувањето само тогаш и на таков начин е под секое достоинство. Драги наши членови, доагајте да се дружиме, да дискутираме, да си ги искажеме желбите, неправдите, радостите, љубовите да ги споделиме. Сме живееле и во многу потешки години и пак сме опстанале, ќе опстанеме и сега. Но годините минат и животот се повеке добива “боја на земја”. Затоа излезете, посетете го вашето здружение, да испиеме кафе, чај, да размениме поздрави. До следната слатка манифестација “ТОРТИЈАДА” Ве поздравуваме и посакуваме романтична зима, полна здравје и многу љубов!

10479729_751775294896728_1214540136_n 10751680_751775344896723_568580055_n 10754790_751775354896722_2036078062_n 10799600_751775351563389_1098303370_n 10799670_751775348230056_1404121930_n 10804973_751776328229958_1123275829_n 10805383_751775324896725_260901937_n